Јавен повик: „Волонтираме за солидарно општество”

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, со цел поддршка на хуманоста и солидарноста во нашето општество објавува повик за собирање  прехранбени продукти и хигиенски производи за поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот.

Под мотото „Тука сме, ѝ служиме на заедницата, си помагаме едни на други!” #ТукаСме #ЕдниЗаДруги, ги повикуваме граѓаните, општествено одговорните компании, граѓанските организации, дипломатските претставништва во Република Северна Македонија, меѓународните организации и институции, во согласност со своите можности и ресурси, да се приклучат кон оваа иницијатива за заеднички да им ја дадеме неопходната помош на што поголем број наши сограѓани.

Производите ќе се донираат во канцеларијата на претседателот – „Млади Хаб” во центарот на Скопје, којашто ќе биде целосно адаптирана во согласност со логистичките потреби, како и кај партнерите вклучени во оваа иницијатива.

Канцеларијата ќе работи три дена седмично (понеделник, среда и петок), а волонтери ќе се грижат за прием на производите, како и за подготовка на хуманитарните пакети и за нивна дистрибуција. При работата на волонтерите ќе се почитуваат сите протоколи за безбедност пропишани и препорачани од Владата и од Светската здравствена организација, вклучително и физичка дистанца, проветрување, дезинфекција, миење раце и носење заштитна опрема (маски и ракавици).

Работно време на канцеларијата „Млади Хаб”– за  центар за волонтери за поддршка со хуманитарни пакети за граѓани во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот:

• Понеделник и среда од 10:00 до 13:00 часот – прием на производи;

• Петок од 10:00 до 13:00 часот – подготовка и дистрибуција на хуманитарните пакети.

Сите заинтересирани можат да донираат конзервирана и пакувана храна, производи за чистење и перење, средства за лична хигиена и средства за дезинфекција.

Доставата до претходно определени граѓани кои се екстремно социјално загрозени ќе се врши во тесна соработка со партнерите, при што ќе бидат почитувани протоколите за заштита и за превенција, а врз основа на искуството од Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Кон оваа иницијатива ќе бидат вклучени следните партнери:

– Црвен крст на Република Северна Македонија;

– Иницијативата #РетвитниОброк, со фокус на гладни и бездомници;

– „Љубезност” – здружение на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци;

– Здружение за хумано-општествен развој – Проект „Среќа”, со фокус на децата;

– „Храна за сите – Банка за храна”, со фокус на собирање земјоделски, земјоделско-индустриски и трговски производи и дистрибуција до социјално загрозените граѓани.

Повеќе детали за начинот на достава, како и тип на производи коишто може да се донираат, може да се добијат од лицата за контакт од Кабинетот на претседателот:

Офелија Димковска, тел: 070 401 113, е-пошта: dimkovskaofelija@gmail.com

Фјола Златку, тел: 076 225 433, е-пошта: fjollazllatku@gmail.com

Контакт лица од партнерските организации:

– Црвен крст на Република Северна Македонија – контакт лице: Мајлинда Мустафа, тел: 071/22 39 64, е-пошта: mustafa@redcross.org.mk

– Иницијативата #РетвитниОброк, со фокус на гладни и бездомници – контакт лице: Мила Тасевска, тел: 078/64 91 18, е-пошта: milataaa@gmail.com

– „Љубезност” – здружение на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци – контакт лице: Тони Станковски, тел:078/26 37 92, е-пошта: stankovski.toni@yahoo.com

– Здружение за хумано-општествен развој – Проект Среќа, со фокус на децата – контакт лице: Благица Ристов,тел: 078/ 40 52 64 , е-пошта: proektsreka.koordinator@gmail.com

– „Храна за сите – Банка за храна”, со фокус на собирање на земјоделски, земјоделско-индустриски и трговски производи и дистрибуција до социјално загрозените граѓани – контакт лице: Душко Христов, тел: 070/34 36 36, е-пошта: bankazahranamk@gmail.com

 

Треба да знаете
Последни објави