Јорданов: Кај кого ќе завршат 9 милиони евра профит од зголемувањето на акцизата за нафта

Интегрален текст од изјава на Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

 

„Кој профитира кога граѓаните губат? Кај кого ќе завршат 9 милиони евра профит? Ова е прашањето кое го поставуваат граѓаните во однос на зголемувањето на акцизата за нафтените продукти.

Владата удри по народот со зголемувањето на акцизата. Се спроведува  транспарентен грабеж од страна на Владата. Република Македонија има потреба од 5 милиони литри екстра лесно гориво, а увезува 55 милиони литри, оваа разлика од 50 милиони литри е во вредност од 9 милиони евра. Затоа се поставува прашањето, каде завршуваат останатите 50 милиони литри гориво, и во кој џеб завршуваат 9 милиони евра? Власта наместо во интерес на граѓаните работи во интерес на мала група олигарси блиски до СДСМ.

Ова што го прави Владата на СДСМ го нема никаде во светот, во услови на криза удира директно по џебот на граѓаните, а товарот на ваквата мерка ќе падне на најпогодените односно на малите и средните претпријатија. Токму поради оваа причина ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на превозниците против покачувањето на акцизата.

Додека во државите директно се исплаќаат средства на граѓаните за да можат полесно да ја пребродат кризата, кај нас Владата на СДСМ зема од граѓаните за да ја пополни буџетската дупка која е директен резултат на нивната неспособност и криминалите во последните 3 години.

Повисоките цени на горивата  ќе бидат директно резултат на погубните политики на власта и директна последица на криминалната банда на Заев. Повисоките цени на горивата може да повлечат со себе и дополнителни ценовни шокови и покачување на другите основни продукти.

 

 

 

 

Заев и Спасовски имаат пари за СЈО и за партиски вработувања, а немаат за капитални инвестиции. СДСМ по кој знае кој пат го разочара македонскиот народ и потврди дека наместо да работи за државниот, работи за партискиот интерес на малкумина.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави