ЈСП ги демантира обвинувањата од Стаменковска

Интегрлен текст од демант на ЈСП во врска со објавениот текст базиран на наводите на Невенка Стаменковска Стојковски, дополнителен заменик на министерот за информатичко општество и администрација, за наводното непочитување на мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија.

„Најостро ги демантираме написите/прилозите во медиумите базирани на наводите на Невенка Стаменковска Стојковски, дополнителен заменик на министерот за информатичко општество и администрација, а притоа ги оценуваме како невкусниобиди за политиканство, за наводното непочитување на мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19 донесени на Владата на Република Северна Македонија.

Согласно со мерките и препораките, за секој вработен што побарал и ги поднел соодветните придружни документи, изработени се решенија за платено отсуство за период од две недели. Со продолжување на важење на мерките соодветно беа продолжени и решенијата, со важност додека трае вонредната состојба. Секој вработен, корисник на мерките и препораките, потпиша изјава дека доколку компанијата има потреба може да го повика и ќе се јави на работното место.

Досега, таа опција се користеше во исклучителни ситуации и во строго ограничен број.

Заклучокот на Владата на РСМ од25-та седница доследно се почитува и применува, а уредбатасо законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, на која се повикува почитуваната, го уредува користењето на годишниот одмор за работниците вработени во приватниот сектор,додека паксогласно со Уредбата со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба, Член 2, став 2 „На вработените во јавниот сектор кои се ослободени од извршување на работа и работни задачи, согласно мерките за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година им се смета за искористен“.

Дополнително ја информираме јавноста, а вработените се веќе известени, дека во ЈСП СКОПЈЕ согласно со Законот за заштита од вознемирување на работно место формирана е листа на посредници за заштита на вработените и сите вработени можат да ги користат заштитните механизми. И за ЈСП Скопје „Законите и правото мора да се почитуваат и одговорност ќе има“.

И, во случајов, напоменуваме дека ниту овој, ниту било кој друг обид за паушални обвинувања на сметка на раководството на ЈСП Скопје, нема да бидат пречка за негово понатамошно професионално извршување на работните обврски согласно сите законски прописи, што не било случај со претходното раководство на претпријатието.

Напротив, тие се и ќе бидат дополнителен фактор и мотив плус за актуелното раководство да докаже и покаже дека со посветен ангажман во сите сфери на функционирање на претпријатието, како и со домаќинско финансиско работење ќе ги исполни зацртаните цели за подигнување на квалитетот на јавниот превоз во секој поглед, во споредба со тоа што го наследи.

Треба да знаете
Последни објави