Во Велика Британија починаа над 20.000 луѓе од коронавирус

Велика Британија денеска надмина 20.000 починати од Ковид-19, откако болниците во Англија пријавија 711 починати во изминатите 24 часа.

Според последните информации, во Британија починале 20.319 луѓе.

Додека бројот на починатите расте, британската влада е под се погласни критики поради нејзиниот одговор на пандемијата. По доцна го воведе карантинот од европските земји и се бори да ги зголеми можностите за тестирања.

Британија е петта земја според бројот на починати од коронавирус во светот, после САД, Италија, Шпанија и Франција.

Експертите очекуваат дека стапката на смртност би можела да почне брзо да опаѓа во следните неколку недели.

Британците се четврти според бројот на жртви во Европа. Први се Италијанците со 25.969 починати, на второ место се Шпанците со 22.902 починати, па следат Французите со 22.245 починати.

Треба да знаете
Последни објави