Сугарески ниту самиот не си верува дека Владата на СДСМ е способна да гради во услови на криза

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Горан Сугарески

 

Владата на СДСМ ја бележи најлошата реализација на буџетски средства по основ капитални инвестиции. Наместо да ја согледа својата неспособност Сугарески ги обвини временските прилики и неприлики за ниската реализација на капитални проекти.

Просекот на реализација на капиталните инвестиции за изминатите три години владеење на СДСМ е под 70 проценти. Ова значи дека Владата парите на граѓаните наместо да ги инвестира во капитални проекти ги трошела расипнички за криминални тендери и грантови задоволувајќи ги интересите на криминалната банда на чело со Заев.

Ниту тој самиот не си верува дека Владата на СДСМ е способна да гради во услови на криза имајќи во предвид дека во нормални услови, кога цела Европа бележеше економски раст и инвестираше во својата иднина, капиталните инвестиции во Македонија беа на катастрофално ниво.

Сугарески мора да одговори до каде е гасификацијата, еден од најпромовираните проекти во памфлетот наречен програма „За живот во Македонија“?

Тој должи одговор и на прашањето до каде е изградбата на 600 километри автопат во Македонија?

До каде е изградбата на пругата кон Бугарија? Денешната прес конференција на Сугарески не е ништо освен гол популизам и очаен обид за подигање на рејтингот на СДСМ, партија која ја загуби довербата на македонските граѓани.

 

 

Треба да знаете
Последни објави