Со музика и песни денеска се наполнија улиците на Атина преку необичниот концерт што го одржа, познатата грчка пејачка Алкистис Протопсалти. Таа пееше додека се возеше на камион низ грчката престолнина, застанувајќи и пред премиерската палата, јави дописничката на МИА од Атина.
Концеротот е дел од иницијативите на општина Атина, а почна со пораката „Остануваме дома, остануваме оптимисти, ги отвораме прозорците, излегуваме на терасите”.
Камионот „Од улица, со љубов” помина низ повеќе атински населби, а застана и пред премиерската палата, а песните на Протопсалти „го натераа” грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да направи пауза од денешните состаноци и да излезе да ужива во музиката заедно со неговите соработници.
https://www.facebook.com/AlkistisProtopsaltiOfficial/videos/678146242935772/?t=0