Соопштение до јавноста- реакција на одговор на новинарско прашање на Коста Петров поврзано со одржување на избори
„СДСМ и Коста Петров имаат незрел однос кон најважните прашања во државата. Никој од ВМРО-ДПМНЕ не спомена брзи избори, а тие продолжуваат лажно да си ги толкуваат работите како што тие би сакале. Тоа се вика лицемерие.
Од една страна брифираат датуми за избори, покренуваат полутајни иницијативи за свикување на Собрание, грчевито се борат за фотелјата на Заев, а од друга страна во јавност велат дека се загрижени за здравјето на граѓаните.
Граѓаните немаат ништо од загриженоста на Коста Петров туку може да имаат бенифит од работата на владата која во моментов не ја гледаме.
За ВМРО-ДПМНЕ приоритет не се изборите туку здравјето на граѓаните и економијата. Заев е тој кој што борбата за фотелја ја става пред здравјето на граѓаните. Апелираме на разумно и зрело однесување. Одбивањето на свикување лидерска средба знаци незрел однос на СДСМ и недораснатост да се дискутира за најважните прашања во државата.“