Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 16 нови случаи на Ковид-19, а вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата изнесува 2.506 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
На денешната редовна прес-конференција во Министерството за здравство беше соопштено дека не е регистриран нов смртен случаи, а бројот на жртвите, останува на 130 лица.
Од хоспитализираните, 47 се приклучени на апарати, додека пак 63 се отпуштени од Одделенијата за интензивна нега.
Вкупно излекувани се 269 лица.
Досега, тестирани се 61.407 примероци, 1.680 повеќе од вчера.