Италија на 4 мај почнува со серолошко тестирање на 150.000 луѓе за да повеќе се дознае за коронавирусот, изјави комесарот во владата, Доменико Аркури.
Тестирањето ќе биде објавено во сите 20 региони во согласност со бројноста на населението о другите критериуми на Инситутот за статистика, рекол Аркури, кој е задолжен за надгледување на кризата за време на пандемијата од која во Италија починаа 26.000 луѓе.
Аркури рекол дека ниеден тест не е 100 проценти точен, а дека серолошкиот тест точен повеќе од 95 отсто.
Серолошко тестирање започна оваа недела во Ломбардија, која беше најмногу погодена од епидемијата, со околу 13.100 починати.
Тие тестови овозможуваат наоѓање антитела и евентуално можат да укажат дали некој е имун, што во врска со новиот коронавирус засега е само хипотеза.
Аркури нагласил дека италијанската влада набрзо ќе утврди максимална цена за заштитна маска, која населението ќе мора да ја носи од 4 мај, кога ќе биде постепеното укинување на забараната за движење.
Тој додал дека Италија сега има во болниците двојно повеќе респиратори од болни пациенти во одделението за интензивна нега.