На 24.04. околу 04,00 часот во Куманово на ул. “Ѓуро Пуцар-Стари“, опожарено е патничко моторно возило марка “ауди“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на М. Д. од Куманово. Истиот по негово кажување се сомнева дека пожарот, кој сам го изгасил бил подметнат. Извршен е увид и СВР Куманово работи на целосно расчистување на настанот.