Ковид-19 не го поштеди медицинскиот персонал во Франција

 Франција е една од најпогодените земји во светот со епидемијата на Ковид-19, со вкупно 22 245 смртни случаи. Во првите редови на справувањето со епидемијата, медицинскиот персонал не е поштеден, околу 4 000  лица од приватниот сектор побарале боледување, а регистрирани се 21 смртни случаи кај лекарите исто така во приватниот сектор, а скоро 4 отсто од вработените во париските болници биле заразени со Ковид-19, јави дописникот на МИА.

Скоро 4.000 лекари од приватниот сектор побарале боледување поврзано со коронавирусот до нивниот пензиски фонд „Кармф”, кој исто така регистрира 21 смртни случаи како резултат на епидемијата во професијата. Кармф, која ги има изменето своите правила за да им го исплаќа дневниот надоместок за боледувањето на болните или „ранливите” (хронично болните) лекари од првиот ден на боледување. До пред два дена фондот имаше добиено 3987 досиеја. Во оваа бројка не се вклучени болните лекари кои не побарале помош од својот пензиски фонд, или нивните колеги кои работат во болницата.

Професијата е силно изложена на вирусот, од почетокот умреа 21 лекар од приватниот сектор, од кои 11 се пензионирани, 9 кои работат и еден кој истовремено и работел и бил во во пензија. Оваа проценка е исто така делумна,.

Покрај тоа, скоро 4 отсто од вработените во париските болници беа заразени со коронавирусот.

-Од 20 април, 4275 вработени и од АП-ХП (париските болници) беа погодени или се погодени од Ковид-19″, се вели во соопштението за печатот АП-ХП, велејќи дека тоа се заснова на информации дадени од неговите оперативни тимови за хигиена и неговата трудова медицина. Овие податоци „вклучуваат заразување во заедницата”, односно надвор од болницата, како и „болничкото” заразување. Од болницата појаснуваат дека е многу тешко да се воспостави со сигурност изворот на заразата на персоналот .

Според болничката група, бројот на нови случаи на заразување не престанал започнал да се намалува од крајот на март и не бил засегнат од експлозијата на бројот на пациенти третирани во последните недели. 

Треба да знаете
Последни објави