Претседателот на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина Франческо Рока ги повика владите да почнат да размислуваат за нешто слично на Маршаловиот план, кој им помогна на земјите да закрепнат после Втората светска војна.
Рока, кој е на чело на најголемата хуманитарна организација во светот која работи во 192 држави, е уверен дека на тој начин би им се помогнало на државите да се изборат со последиците од пандемијата на коронавирусот.
Тој предупреди дека кризата предизвикана од коронавирусот би можела да доведе до социјални немири, глад и хуманитарна криза и додаде дека Ковид-19 ќе има „големо општествено влијание во секој дел од светот”.
– Мораме заедно со институциите да го планираме општествениот одговор пред да биде предоцна, истакна Рока.