Сега нема потреба од лидерска средба, фокусирани сме на борба против коронавирусот

Во одговор на новинарско прашање околу ставот на Христијан Мицкоски за одржување лидерска средба, потпретседателот на СДСМ Коста Петров истакна дека сега нема потреба од организирање на лидерска средба, затоа што во овој момент најважно е надминувањето на пандемијата на коронавирусот и решавање на економските последици од неа.
„Ние сметаме дека не е време да се разговара за избори. Има време и ќе разговараме за тоа кога ќе дојде време. Наш главен фокус останува здравјето на нашите граѓани и економските мерки со цел да зачуваме повеќе работни места, да помогнеме на поголем број граѓани и да ја победиме оваа криза од коронавирусот” порача потпретседателот Петров.
Треба да знаете
Последни објави