Тимовите во Формула 1 ќе добијат финансиска инјекција

„Либерти Медиа”, која ги поседува правата на Формула 1, е принудена да ги прераспредели средствата со цел да обезбеди финансиска помош од 1,4 милијарди американски долари за тимовите поради пандемијата од коронавирус, објави „Дејли Мејл”.

Износот ќе биде поделен на неколку делови, од кои едниот ќе помогне во одржувањето на солвентноста на екипите во првенството.

Сезоната во Формула 1 2020 сè уште не е започната поради глобалната пандемија. Првично, беа планирани 22 трки за сезоната, прва од овие во Австралија.

Сепак, поради пандемијата, таа, како и натпреварувањата во Бахреин, Виетнам, Кина, Холандија, Шпанија, Азербејџан и Канада, беа одложени на неодредено време.

Претходно во медиумите беше објавено дека тимовите губат во просек околу 5 милиони долари месечно поради запрената сезона.

Треба да знаете
Последни објави