На 24.04., во 15,45 часот, во ПС Тетово лицето Т.Д. (44) од Тетово пријавил дека на 22.04. околу 20,00 часот додека на ул. ,,142,, го шетал своето куче – раса белгиско- германски овчар, тој и кучето биле нападнати од куче раса – турски кангал којшто неговиот сопственик, го шетал без ланец и заштитна маска. При нападот пријавителот и неговото куче неколку пати биле каснати од “кангалот“ а со помош на случајни минувачи успеале да се оддалечат од местото на настанот. По ова пријавителот го однел своето куче во ветеринарна амбуланта а тој подоцна побарал и медицинска помош во Клиничка бплница Тетово каде што му била констатирана повреда на десната подколеница. Се работи на расчистување на случајот.