Кина десетти ден по ред не пријавила ниту еден смртен случај од последици од новиот коронавирус.
Властите во Пекинг соопштија дека во изминатите 24 часа Ковид-19 е потврден кај 12 луѓе, од кои 11 се вратиле од странство.
Во кинеските болници хоспитализирани се 838 инфицирани лица, а околу илјада се во изолација бидејќи или се сомнителни случаи или биле позитивни на тестот, но немаат симптоми.
Во Кина досега се регистрирани 82.816 заразени лица со Ковид-19, од кои 4.632 починале.