Соопштение до јавноста – реакција на прес конференција на Коста Петров
Мерките на СДСМ се импровизација, шминка и маркетинг. Тие водат кон осиромашување на граѓаните и пропаст на стопанството.
Мерките со кои СДСМ и Владата се фалат не се ниту навремени, ниту соодветни.
Резултати од работата на владеачката партија, според првичните истражувања, се над 100 илјади граѓани кои се соочуваат со отказ, граѓани оставени без приходи, претпријатија пред колапс.
Само едно е јасно, СДСМ е на власт, а партијата и натаму работи на задоволување на интересите на олигарсите.
Во ситуација на здравствена и економска криза, не е време за реклама туку за работа. Потребни се итни и соодветни економски мерки.