Принцот Чарлс објави посебна фотографија со која му го честита вториот роденден на својот внук

Принцот Чарлс го обожаваат неговите внуци. Тој е многу посветен дедо на Џорџ, Шарлота и Луис и се чини дека има посебен однос со најмалиот син на принцот Вилијам.

Малото момче го прослави својот втор роденден, а дедо му му честита со фотографија на „Инстаграм“, која одушеви стотици илјади луѓе. Официјалниот профил на Чарлс, Кларенс Хаус, објави фотографија на која принцот Луис и принцот Чарлс се гушкаат.

„Вакви емоции не се гледаат често од членовите на кралското семејство“, се вели во коментарите.

Роденденот на малиот Луис му го честитаа и неговите родители на официјалниот кралски профил на „Инстаграм“, а мама Кејт направи нови фотографии од малиот принц што ги воодушеви обожавателите.

Треба да знаете
Последни објави