Американските владини агенции и медицинските институции кои имаат клучна улога во борбата против новиот коронавирус се почесто се мета на хакерски напади, јави Си-Ен-Ен.Според американски владини претставници, целта на хакерските напади е кражба на истражувањата за Ковид-19, зад кои, според нив, стои Кина.
Од кибер нападите погодени се интернет-страниците на болниците, истражувачките лаборатории, институциите за пружање здравствена нега и фармацевстките компании.
Американското Министерство за правда соопшти дека е посебно загрижено поради нападите на кинеските хакери на сајтовите на болниците и лабораториите во САД, со цел да се украдат резултатите од проучувањето на новиот коронавирус.
Исто така наведе дека „не постои ништо повредно во светот од биомедицинските студии за вакцина против Ковид-19, и тоа е само од комерцијален аспект, туку и од геополитички”.