Мерките на СДСМ се импровизација. Граѓаните не ги чувствуваат. Единствено што почуствуваа се покачените цени на горивата, намалените плати и отказните решенија.
Зоран Заев и неговата Влада наместо да им помогнат на компаниите, им одмогнаа.
СДСМ буквално нема идеја и план што со себе, а не пак со државата.
Република Македонија со СДСМ е прва само по бројот на скандали и афери. Први сме во злоупотреба на кризата за профитерските апетити на функционерите на власт.
Македонија со секој поминат ден со СДСМ на власт само тоне. СДСМ е партија која ја враќа транзицијата и олигархијата, но овој пат тоа нема да им успее.