Во овие топли пролетни денови секој од нас сака да помине време надвор, напиша на својот фејсбук профил , министерот за здравство Венко Филипче.
Но, да не заборавиме – иако се ублажени ограничувањата на движење мора да ги почитуваме сите мерки за заштита. Одржувајте растојание, носете заштитна опрема, внимавајте на хигиената. Бидете особено внимателни околу повозрасните кои се во најголем ризик од КОВИД-19. #ЗаштитиСе, порача Филипче.