Бухова: Брисеви на членовите на кумановскиот кризен штаб биле земени во Општината

Инспекцискиот наод во однос состанокот на кризниот штаб во Куманово со владините министри утврдил два прекршоци, рече директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Бухова.

-На 26 март се тестирни 28 лица од Кризниот штаб за кои се добиени исто толко негативни резултати, а на 12 април пак се земени 38 бриса од кои пет позитивни рзултат и издадени решенија за 37 контакти. Двете тестирања се без спроведување на редовна епидемиолошка анкета од епидемиолог и се заведени како скрининг. Вториот прекршок е дека брисови биле земани во Општината, а не во локалниот Центар за јавно здравје, рече Бухова.

 

Треба да знаете
Последни објави