„Го сакам ГТЦ“ реагира на изградбата на лифтот во трговскиот

Од иницијативата „Го сакам ГТЦ“ реагираа на изградбата на конструкција за лифт од страна на АД ГТЦ заради што е срушена бетонската ограда од самиот објект на ГТЦ, без никаква предходна најава и образложение започна да се гради.

„Оваа постапка има повеќе димензии кои се обидовме да ги истражиме, но ова е секако показ дека не е извлечена поука од случувањата во доскорашнотот минато на ГТЦ, не е потврдена свесноста за неговите вредност, дури не постои ни кај оние кои се надлежни за објектот. Ова случување во време на рестриктивно движење и здравствена криза со право предизвика реакции кај граѓаните, припадниците на иницијативата „Го сакам ГТЦ“ и особено кај архитектите. Во име на иницијативата на оваа тема се обавени контакти со надлежните и остварена е средба со директорот на ГТЦ и неговиот потесен тим. При тоа е дискутирано за многу аспекти на постапката особено за добрите намери на учесниците но и за неспорните факти на настанатиот момент“, посочуваат оттаму.

https://www.facebook.com/GoSakamGTC/posts/2646798768931941

Треба да знаете
Последни објави