Почина ли Севернoкорејскиот лидер Ким Џонг Ун?

Севернoкорејскиот лидер  Ким Џонг Ун, се шпекулира дека е мртов, според медиумите во Хонг Конг, додека едно јапонско списание известува дека водачот на Северна Кореја е во „вегетативна состојба“, откако бил подложен на операција на срцето.

Заменик директорот HKSTV Hong Kong Satellite Television, телевизиска мрежа поддржана  од Пекинг во Хонг Конг, тврди дека Ким е мртов, наведувајќи „многу цврст извор“. Нивниот пост на кинеската апликација за пораки „Веибо“ е широко споделена на социјалните медиуми, се вели во извештајот во „Интернационален бизнис тајмс“.

„Њујорк пост“ пренесува наводи на кинески медиуми за смртта на лидерот на Северна Корја, но информациите се непотврдени. Наводите за смрт на Ким ги пренесуваат само таблоидните портали какo „Сан“ и „ТМЗ“.

 

https://twitter.com/LukeXXX23/status/1254121295761027074?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1254121295761027074&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fsvet%2Fshto-se-sluchuva-vo-severna-koreja-se-shirat-glasini-za-klinichka-smrt-na-kim-dzong-un%2F

 

Треба да знаете
Последни објави