Патрола на Армијата на Северна Република Македонија во близина на ГК 51/14 вчера во 10.45 часот пронашла пет парчиња минско експлозивни средства – неексплодирани гранати, кои се видно обележани и обезбедени.
За настанот се известени ДОЦ при РЦ за ГР ,,ЈУГ”-Кавадарци и Дирекција за Заштита и Спасување- Струмица за натамошна постапка и подигање на гранатите.