Белгиската професионална фудбалска лига, која организира состанок во понеделник, најверојатно ќе ја одложи официјалната одлука за крај на сезоната.
Ова значи дека првенството во Белгија може да се доигра откако ќе се нормализира состојбата околу пандемијата на коронавирус.
Средбата во лигата со вкупно 24 клуба членки веќе е одложена двапати, а тоа ги засили шпекулациите дека би можел да се игра белгискиот шампионат, наспроти првичното решение за крај.
Белгија беше првата земја што објави дека ќе го прекине шампионатот и ќе ги преземе актуелните пласмани како конечни, а Бриж беше прогласен за шампион.
Земјата од Бенелукс е една од најтешко погодените од пандемијата.