Жителите на Кисела Вода коментираат дека момчето од нивната населба, кое што минатата недела беше уапсено затоа што го шеташе своето куче за време на полициски час, денеска пак е уапсено, а и ова видео од апсењето се појави на социјалните мрежи.
За разлика од претходно, приведениот се шетал во забрането време без својот миленик, а полицијата ниту овој пат не носи маски.