Во Тел Авив протести поради договорот за влада на национално единство

Неколку илјади Израелци, носеји маски и почитувајќи ја мерката за физичка дистанца, синоќа протестираа во Тел Авив поради минатонеделниот договорот за влада на национално единство.

Договорот предвидува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе остане на власт додека се подготвува судењето по обвиненијата за корупција. Според демонстрантите тој би можел да влијае врз судиите.

Судскиот процес против Нетанјаху за измама, злоупотреба на довербата и примање на мито би требало да почне во мај. Тој ги негира сите обвинувања.

Лидерот на Ликуд, Нетанјаху и неговиот противкландидат на изборите, претседателот на партијата Сино и Бело на 20 април објавија дека формирале Влада на национално единство, со што е прекината најдолгата политичка криза во историјата на земјата. Договорот предвидува дека двете партии да се согласат за клучните именувања, меѓу кои и поставување на врховен и државен обвинител, а Нетанјаху има право на вето при изборот на функционери, кои би можеле да одлучуваат за неговата судбина.

Треба да знаете
Последни објави