Димитриевски ќе плати 600 евра оти се тестирал наместо да седи во изолација

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, смеел да го напушти својот дом само во случај на влошување на здравствената состојба и тој требало да биде транспортиран исклучиво до соодветно инфективно одделение, изјави директорката на Државниот санитарен и здравствен
инспекторат, Ирина Сотирова-Бухова. Таа потсети рече дека за тоа ќе треба да плати казна од 300 до 600 евра бидејќи и покрај решението за самоизолација, излегол од својот дом и правел тестирања во приватни лаборатории.

Поточно директорката Иринка Сотирова Бухова на денешната прес конференција истакна дека лицето М.Д. и уште едно лице иако добиле препорака за домашно лекување, го напуштиле домот.

-Во итната службата евидентирани се М.Д и лице Г.,  како итни случаи. По направената ренген сликата, за едниот е препишана веќе пропишана терапија, а за другиот дека нема потреба од терапија и се упатуваат на домашно лекување. Истите се секојденво контактирани од матичните лекари и немаат дадено податок за влошување на здравствената состојба. Лицата за кои на 16 април е издадено решение за домашно лекување, не постапиле по решението. Тоа е казниво, за што ќе се изрече прекршочен прекршок од 300 до 600 евра, рече Бухова.

Треба да знаете
Последни објави