Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил попладнево објави дека до денеска во земјава вкупно 500 пациенти оздравеле од КОВИД-19.
– Благодарност до медицинскиот персонал, пациентите и нивните семејства. За да продолжиме успешно да се справуваме со коронавирусот, неопходна е поддршка и одговорност од сите граѓани. Да ги почитуваме мерките, затоа што само заедно ќе успееме, напиша министерот Филипче на Фејсбук.
https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2372642509709435/?type=3&__xts__%5B0%5D=68.ARAlhwDH8SmBJVNl-fvVSLQ2QbJY2Chl5Ic6IYT-FIFqrD3LHlscYC0-MNv__gb3Sf2PDW8e9krZxZ-hX2zxAQ_4ltVE2Av9mBZjkql8HDKrZQ0qYOpDhBWNFn5xlB44abIIoBj8fj7dRJ3q1_4ebRIzPKJjWooU7-pVQyCzEdfiloVWhYg7g7EyAF7YKnlqJY2lXdiiMeqlzTchbR5q9x-DN1dLLk0tBf8QNSsYhVSxUEYB9cNprSFaNnNrYzLdv4EM94QjWNQUQucUjlAJoJytCEaYhfC-lYyvguSjTVtdzDsSWvWoFg9-PeujNfyog5L25FUJ6I2OBPZtHcdHDc52Bsjc&__tn__=-R