Куќен притвор за скопски дилер на амфетамин

На 24 април полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје постапиле по судска наредба и извршиле претрес на дом и други простории кај лицето Р.Б од Скопје.

При претресот во домот пронајдени се: една полиетиленска паковка со амфетамин 4.4 грама, 16 полиетиленски паковања со марихуана со вкупна маса од 486 грама, две дигитални ваги и парични средства.

Лицето е лишено од слобода и задржано во Полициска станица, а на 25 април по итна постапка поднесена е кривична пријава по член 215 „Неовластено производство и пуштање во прометна наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” од Кривичниот законик на РСМ за што му е одреден 30 дневен куќен притвор.

Треба да знаете
Последни објави