Елиса Гранато е научничка, која беше меѓу првите волонтери што ја примија пробната вакцина против ковид-19 во Велика Британија. Вакцината се развиваше три месеци од научници и лекари од Институтот Џеннер и тим на Универзитетот во Оксфорд.
Два дена подоцна на веб-страницата N5TI.com осамна напис со наслов „Почина првиот волонтер што прими вакцина против коронавирус во Обединетото Кралство“. Оваа вест се однесуваше на Гранато и направи збрка во интернет-просторот. Информацијата масовно се споделуваше по социјалните мрежи, а беше пренесена и од други веб-страници, пишува „360 Степени“.
Веста беше пренесена и на сајтови на македонски јазик, како на пример, на извесен napauza.co.
Оваа вест ја демантираше дури и самата Елиса Гранато на својот профил на Твитер:
„Ништо не може да се спореди со лажна вест дека си мртов… Јас сум добра, луѓе. Ве молам, не споделувајте ја веста, да не им придаваме значење и кликови. Наместо тоа, еве ви едно слатко маче“, напиша Гранато и сподели фотографија од мачка.
Повеќе детали за поврзаноста со Македонија на „360 Степени“ на следниот линк.