Метју Пери се зафати со правење десерти додека е во самоизолација, објавија американските таблоиди, цитирајќи негов пост на Инстаграм во кој тој открива дека сака да се врти низ кујна без облека.
Актерот од хит-серијата „Пријатели“ – кој го играше саркастичниот Чендлер Бинг ги испробува своите вештини во кујната и неодамна на социјалните мрежи ги покажа колачињата што самиот ги направил.
Тој на Инстаграм сподели фотографија од вкусниoт десерт и напиша: „Овие ги правев патем“.
„Не носам панталони. Се спремам за сериозно јадење гол,“ напиша тој на својот Инстаграм профил.
53-годишниот актер се обиде да ги забавува своите фанови во време на пандемија на коронавирус.
Во меѓувреме, Метју заедно со актерскиот тим на ТВ-комедијата „Пријатели“ – Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Џенифер Анистон и Дејвид Швимер – веќе снимиле специјална епизода што ќе трае 90 минути.
Инсајдер од продукцијат рече: „Снимањето беше откажано поради коронавирусот и сите почна да ги фаќа паника бидејќи беше потребно многу време за да го усогласат распоредот. Стравувавме дека може да потрае една година или уште подолго за повторно да ги собереме сите заедно.
Тие имаа состаноци секој ден, а Џенифер – која што има најполн распоред од шестемината – ги увери дека ќе стори сé што е можно за да се осигура дека не треба да чекаат со месеци за да застанат повторно пред камерите и да ја снимат долго-очекуваната епизода.
„Нивните зум-сесии беа одлична забава и таму има многу интересен материјал за кој се надеваат дека ќе се емитува како серија трејлери или како стендап спешл,“ вели инсајдерот.