Интегрален текст од видео обраќање на Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
„Очигледно е колку малку треба граѓаните да го увидат недомаќинското работење на Владата предводена од СДСМ. Граѓаните дури 40 до 50% од цената по литар гориво во Македонија ја плаќаат да оди во државниот Буџет или во просек околу 20 до 24 денари по литар гориво завршуваат во државниот Буџет. И додека државниот Буџет е празен, власта се обидува да го наполни преку акцизите и давачките на граѓаните, а во исто време, не може да одолее на скапите лешници, бадеми, индиски ореви и кафиња.
https://www.facebook.com/1786008074782827/posts/3156965981020356/
Замислете, додека Буџетот е празен, дел од граѓаните преживуваат со само еден леб дневно, а владата на СДСМ нарачува половина тон апетисани и над 3 тони кафиња. Тоа се 25.000 кафиња дневно и над 2 килограми апетисани дневно.Ова е поигрување со интелегенцијата на граѓаните. Непродуктивните трошоци морат веднаш да прекинат. Ова е класично лудило и за ова граѓаните ќе им покажат црвен картон на СДСМ на денот на изборите кога и да се одржат.