Велосипедист прегази скопјанка на Водно, двајцата завршиле во болница

На 25.04. во 13.30 часот на локалниот пат Милениумски крст- Средно Водно, Д.Г. (25) од  Скопје управувајќи велосипед “трек“ удрил во пешакот  Б.Ф. Ш. (65) од Скопје.

Прегазената жена со возило на итна медицинска помош била пренесена во Ургентниот центар при комплексот клиники Мајка Тереза, каде што и биле констатирани тешки телесни повреди.

Велосипедистот Д.Г., пак, со друго возило бил пренесен во Градска општа болница  ,,Свети Наум  Охридски,, – Скопје каде по укажана лекарска помош  биле констатирани телесни повреди.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави