ВМРО-ДПМНЕ: Битиќи лаже, а граѓаните тонат во сиромаштија

Соопштение до јавноста- реакција на прес конференција на Фатмир Битиќи

 

„СДСМ продолжува со лагите. Граѓаните реалноста ја чувствуваат на својата кожа.

Вистината е дека Република Македонија е меѓу европските држави кои за помош на економијата вбризгале најмалку пари во првиот месец по прогласувањето на пандемијата.

Според анализата на Институтот за економски истражувања Сазадвег, заклучно со 7 април, Македонија донела одлука финансиски да интервенира во стопанството во висина од 0,2% од БДП.

Релноста кажува дека дури 78% од работниците во Македонија се лично погодени од корона кризата.

За жал секој четврти работник во земјава има намалена плата.

Доста се лаги. Време е да се казни СДСМ за лагите искажани пред граѓаните и за задоцнетите мерки кои не помогнаа туку повеќе одмогнаа.“

 

 

Треба да знаете
Последни објави