Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ
„СДСМ со празните соопштенија се лаже себеси не граѓаните.
Реалноста е многу поинаква, Република Македонија е меѓу европските држави кои за помош на економијата вбризгале најмалку пари во првиот месец по прогласувањето на пандемијата.
Според анализата на Институтот за економски истражувања Сазадвег, заклучно со 7 април, Македонија донела одлука финансиски да интервенира во стопанството во висина од 0,2% од БДП.
СДСМ со лаги не може да го покрие фактот дека дури 78% од работниците во Македонија се лично погодени од корона кризата.
Секој четврти работник во земјава има намалена плата.
Крајот на лагите на СДСМ им се ближи. По ова следува крај на оваа криминална власт. Граѓаните веќе знаат кој им мисли добро, а кој ги лаже.“