Нов пакет бескаматни кредити од 8 милиони евра за помош на компаниите погодени од кризата

Да се сочуваат што повеќе работни места, да се помогне на секоја компанија и на секој еден граѓанин, е единствената цел на економските мерки на Владата предводена од СДСМ.

Со новиот пакет на бескаматни кредити, КОВИД 2 линија на Развојна банка, на сите микро, мали и средни компании ќе им бидат ставени на располагање 8 милиони евра обезбедени преку компензационите фондови од Јапонија.

Компаниите ќе може да аплицираат за овој кредит од 29 април.

Минимален износ на кредит е во висина од 3.000 евра и може да аплицираат и фирми коишто имаат помалку од петмина вработени, додека максималниот износ на кредит изнесува 90.000 евра.

Главниот услов за доделување на кредит во висина од 90.000 евра е фирмата да има остварено за 30 отсто намален приход во март 2020 во однос на март 2019 или во однос на просечните месечни приходи за 2019.

Рокот на отплата на овој кредит е до 3 години, со грејс-период од 12 месеци и со обезбедување на меница.

Економските мерки на Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ, ќе помогнат полесно да се преброди здравствено економската криза со којашто се соочија сите граѓани.

Во тек е реализацијата на14 500 денари месечно по вработен, помош за спортисти и уметници од 14 500 денари како и паричен надоместок за граѓаните што останале без работа поради кризата. Се сопре Законот за извршување до крајот на јуни, а се забрани и отворање на стечајна постапка.

Никој не е сам во овие тешки моменти и заеднички ќе го изодиме овој тежок пат.

Треба да знаете
Последни објави