Во 54 земји во Африка потврдени се повеќе од 30.000 случаи на коронавирус, соопшти Африканскиот центар за контрола и превенција од болести.
Досега во Африка од коронавирус починале 1.374 лица. Само две африкански земји немаат пријавено случај на Ковид-19 – Кралството Лесото, мала планинска земја во јужна Африка и островот Коморос во Индискиот Океан.
Јужна Африка има најмногу случаи – 4.361, по што следат три земји во северна Африка – Египет (4.319), Мароко (3.897) и Алжир (3.256).