Директорката на американскиот Завод за јавно здравје во државата Илиноис, Нгоки Езике, изјавила дека дошло до значителен пораст на случаи на труење во последните два дена.
Тоа се совпаѓа со советот на претседателот Трамп за вбризгување на дезинфекциски средства за да се спречи коронавирусот.
Директорката рекла дека труењата ги пријавиле луѓе кои со детергенти се обиделе да ги измијат синусите, додека еден човек устата ја плакнел со мешавина од белило и вода за плакнење уста за да го убие вирусот.
„Вбризгување,варење и вдишување на средства за чистење е опасно. Не го советуваме тоа, тоа може да биде смртоносно“ рекла Езике, пренесе Си-ен-ен.
Трамп повторно ја шокира медицинската заедница со последните коментари за лек за коронавирусот. Неговите коментари за експертите се неодговорни и опасни. Тој пред два дена на двена конференција за коронавирусот, предложи вбризгување на дезинфекциски средства како изопропилен алкохол во телото на болните од коронавирус, а предложи и зрачење на телото со УВ-зраци, нешто што го отфрли докторот на самата прес-конференција.