Денеска ќе се одржат две нови изведби од програмата „Култура во време на Корона“.
Вечер во 20 часот, кај средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“, познатата виолинистка Пламенка Трајковска и гудачкиот состав ќе одржат едночасовен концерт, а во 21.15 часот DJ ELECTRON ќе има свој настап кај Паркот Лазо Москов во населбата Скопје Север.
Сите настапи ќе биде стримувани на:
– фејсбук страницата на Град Скопје
https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs
– Youtube канал на Град Скопје https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw
За потсетување, Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13.04. 2020 година, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.
Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/
Со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти:
- Маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје; и
- Виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до 2 часа.
Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.