Пратеникот Павле Богоевски од СДСМ во денешното гостување во отвореното студио на 24 анализа зборуваше за правните аспекти особено во поглед на амнестијата. Тој истакна дека амнестијата е врзана со правната разрешница со која се намалува прогонот на учениците и е удар на правдата.
Според Богоевски, придобивката е силната и цврсто изразена волја на закондавниот дом да гази по европскиот пат. Боговески не се кае заради тогашната одлука, тоа не било единствен удар на правдата, тука било и бегството на Груевски и однесувањето на Катица Јанева.
„Амнестијата е политички компромис и резултираше со политички придобивки, влегувањето во НАТО, немањето на билатерални спорови. Имаме отворено преговори за членство во ЕУ. Ова беше незамисливо пред три години.“ – вели Богоевски.
Според него најголема придобивка било во економијата, во поглед на зголемувањето на платите. Богоевски потенцираше дека најважно е да се дознае улогата на секој од учесниците.
Во жестока расправа со пратеникот Крсто Јовановски, Богоевски потенцираше дека секој учесник со своето однесување ги исполнил условите на кривична постапка.