Седми ден по ред во БиХ нема смртни случаи од коронавирусот. Во последните 24 часа потврдени се 14 ново заразени. Вкупниот број сега изнесува 840 лица.
-Немаме нови починати во последниве денови. Повеќе од две третини од вкупно починатите во борбата со пандемијата од коронавирусот се постари од 65 години – изјави Давор Пехар, директорот на Заводот за јавно здравје и член на кризниот штаб во БиХ.
Вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата во БиХ изнесува 32 лица.