Актерката Кејт Бекинсејл ја повикала полицијата по средбата со прогонувачот во својот дом во Брентвуд, така што на имотот на актерката биле видени неколку полицајци кои го прегледувале портокаловиот ранец што го оставил прогонувачот.
Полицајците носеле маски за лице додека го пребарувале ранецот со ракавици проверувајќи и едно лице што го затекле на местото на настанот. Сите претреси биле извршени во градината на Кејт, но таа не била видена.
Кејт во текот на годините имала неколку застрашувачки средби со прогонувачи, вклучително и одложување на настапот во Comic Con во 2017 година бидејќи еден обожавател бил уапсен додека чекал да ја запознае. Тогаш ТМЗ пишуваше дека Тери Ли Реп ја следел Кејт низ целата земја, па дури и ѝ се заканувал дека ќе ја прободе.
Наводно, истиот маж остварил физички контакт со неа во претходните години и бил приведен и отстранет од друг настан во 2016 година на кој присуствувале и двајцата. Полицијата претходно соопшти дека Реп имал ирационална опсесија со жртвата и дека патувал низ целата земја со цел да ја вознемирува. По инцидентот во 2017 година, Кејт поднесе тужба против него, но сите обвиненија беа отфрлени, пренесува „Бласт“.