Лопетеги побара пет недели подготвки пред да продолжи Примера

Поранешниот селектор на шпанската фудбалска репрезентација и актуелен тренер на Севиља – Хулен Лопетеги, смета дека на играчите треба да им се дадат најмалку пет недели за да се подготват пред рестартирањето на сезоната, која беше запрена во средината на март поради пандемијата од коронавирус.

Лопетеги е категоричен дека брзањето да продолжи со мечевите за да се заврши кампањата може да предизвика сериозни повреди.

– Мислам дека треба да се подготват најмалку пет недели. Ќе мора да играме натпревари на секои три дена. Од физички и емотивен аспект, ова ќе биде нешто со што не сме се соочиле порано. Значи, ќе треба да бидеме во што е можно подобра кондиција. Во фудбалот не сме искусиле такво нешто. Ова не е како враќање по пауза, ниту на физички или психички план. Сега играчите ќе бидат 20 проценти од нивната нормална состојба кога ќе се вратат на тренинзи. Убеден сум во тоа. Ситуацијата е многу комплицирана и емотивна. Луѓето мислат дека сите играчи имаат големи куќи и дворови, но тие всушност се малцинство, рече Лопетеги.

Треба да знаете
Последни објави