„Тридневното затворање на граѓаните за време на првомајските празници ќе нема штета само од здравствен аспект, во поглед на коронавирусот. Лично, јас сум за уште поблаги мерки“, изјави професорот д-р Никола Пановски за емисијата „Само вистина“.
Според него, некои земји пуштаат повеќе вирусот да се прошири, со цел побрзо да се заврши и да се создаде т.н. „колективен имунитет“.
„Ние имаме прилично поригорозни мерки во однос на други земји, а кој бил во право ќе знаеме во ноември или декември кога ќе се знае дали ќе има втор пик и во кои земји. Засега, ние многу добро се справуваме со епидемијата и бројот на новозаразени“, смета професорот.
Тој очекува дека со почетокот на летото вирусот да се истроши и полека да го снемува.
Во однос на полицискиот час, д-р Пановски смета дека тој целосно нема да се укине пред 15-ти мај.