Голем број граѓани поради топлото време ги преплавија плажите во Калифорнија и покрај апелите на надлежните да избегнуваат групирања и да ги почитуваат мерките за социјална дистанца поради пандемијата на коронавирус.
Today in Newport Beach. Wow.
Via @GettyImagesNews pic.twitter.com/eo0WMmQ3eg
— Liz Kreutz (@ABCLiz) April 26, 2020
Илјадници граѓани се собраа на калифорниските плажи Њупорт и Хантингтон пркосејќи им на наредбите, а гувернерот Гавин Њусом се осврна на искушенијата коишто многумина од жителите на Калифорија ќе ги имаат со доаѓањето на летото и и порача на граѓаните да останаат дома и да одржуваат физичка оддалеченост.
Newport Beach appears to be pretty crowded, as Southern California is hit by a heat wave. https://t.co/abDlBmkZo0 pic.twitter.com/1DDSjvPhT5
— NBC Los Angeles (@NBCLA) April 25, 2020
„Ја имате моќта буквално да спасувате животи“, напиша гувернерот на оваа федерална држава Гевин Њусон на Твитер.
Полицијата во Пацифик Гроув соопшти дека морала да го затворат резортот Ловерс Поинт Парк енд Бич и јужниот дел на заливот Монтереј поради неможноста да се одржува физичко растојание меѓу посетители.