СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(57) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „тешка кражба“ и три кривични дела „тешка кражба во обид“.
Пријавениот, во временскиот период од октомври 2015 до декември 2018 година, кривичните дела ги извршил во станови во Тетово, на тој начин што со тврд предмет насилно ги отворал влезните врати и одзел парични средства, златен накит, компјутери, мобилни телефони и часовници.
Пријавениот причинил материјална штета во износ од околу 327.300 денари.