Филипче: Бројот на заразени од Ковид-19 може да биде околу 1.600-1.700

Според последните анализи за кривата со бројот на заразени, можно е тој да достигне помеѓу 1.600 до 1.700, иако претходната анализа, кој беше направена пред рестриктивните мерки за врвот на заразата, беше од две до 2.500, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Филипче истакна дека претходно немаше воведено никакви мерки на рестрикција.

„Тогашниот број на пациенти и како беше поставена кривата беше дека проценката ќе биде од 2.000 до 2.500. Последните податоци ни покажуваат дека оваа бројка може да биде од 1.600 до 1.700 пациенти. Но, да не се опуштаме – рече Филипче.

Треба да знаете
Последни објави