Шакира им се пофали на своите фанови на Инстаграм дека успеала да заврши четиринеделен курс по филозофија и покрај тоа што е мајка со полно работно време на децата Милан (7) и Саша (5).
Атрактивната Колумбијка (43) – која е мажена за фудбалската ѕвезда, дефанизивецот на Барса, Џерард Пике – сподели фотографии на кои позира со својот сертификат, на кој се гледа дека го учела модулот за „Платон и неговите претходници“
„Го искористив времето додека спиеја децата. Им благодарам на Платон и на претходниците за целата забава во текот на изминатиот месец! “
Таа претходно откри дека се облекувала како маж кога одела на универзитет па дури и користела друго име.
Откако го издаде албумот Oral Fixation vol. 2 во 2016 година Шакира реши да направи пауза од музиката и се запиша на курс по историја во УКЛА (UCLA).
„Ми требаше одмор од самата себе. Универзумот е толку голем, и јас не можам да останам во центарот. Затоа, решив да одам на универзитет и да студирам историја на летен курс, сакав да го вкусам студентскиот живот,“ рече поп-ѕвездата.
„Да можам, би одела на универзитет повторно и повторно“, вели латино-дивата.